Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Народната банка сѐ повеќе ги отвора вратите за модернизација на платежниот пејзаж

12 дек. 2021 г.·3 мин читање·3031 прегледи

Следете не на Viber

Дигиталните технолошки решенија на кои се засноваат отвореното банкарство и брзите, или инстант плаќањата се само бројни иновации коишто ветуваат револуција на финансиските услуги и најавуваат сосема нови удобности за плаќањата. Но, тие се и предизвик за регулаторите – да се олесни пристапот за новите учесници на пазарот на платежни услуги. Народната банка веќе прави големи залагања и има стратегиска цел согласно со која, во периодот што следи, се предвидени низа активности за поттикнување модернизација на платежниот пејзаж, особено по носењето ново законско решение усогласено со европската регулатива. Со залагањата на Народната банка, вратите за оваа модернизација во нашата економија сѐ повеќе се отвораат и се потребни залагања од сите финансиски регулатори.

Ова, меѓу другото, беше посочено на затворањето на 13. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор”, во организација на Народната банка во соработка со Банката на Холандија, којашто се одржуваше изминатите два дена, во виртуелен формат.

„Одржувањето виртуелна конференција беше предизвик за сите нас, додека нејзината успешност е потврда дека сите ние кои сме сведоци на денешното дигитално опкружување, покрај набљудувачи, подготвени сме да ја преземеме и улогата на иницијатори, поддржувачи и носители на дигиталните промени” – истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во обраќањето во коешто ги изнесе заклучоците од Конференцијата.

Во обраќањето, таа се осврна и на предизвиците за регулаторите во повеќето земји од Европската Унија и во регионот, вклучително и во нашата земја, за коишто и се разговараше во голем дел од Конференцијата. Притоа, го истакна настојувањето за олеснување на пристапот за новите учесници на пазарот преку воспоставување порти за иновации, или регулаторни лаборатории, чијашто цел е да ги советуваат, но и да го поддржат нивниот влез. Нашата централна банка формира порта за иновации уште пред повеќе од две години.

„За да имаме корист од тоа, ни е потребен и национален, и меѓународен пристап, имајќи предвид дека дигитализацијата и безбедноста од напад од дигиталниот простор се „двете лица на иста паричка” ‒ истакна вицегувернерката Нацевска.

Изнесувајќи ги заклучоците од Конференцијата, Нацевска се осврна и на дискусиите на еминентните експерти коишто учествуваа на панел-дискусиите. Притоа, се задржа на најновите трендови и предизвици коишто произлегуваат од влијанието на новите технологии врз пазарот на платежни услуги, промената во навиките за плаќања во дигиталната ера, можностите и предизвиците од отвореното банкарство, трансформациите водени од финтек-компаниите, безбедноста од напад од  дигиталниот простор, како и дигиталните валути издадени од централни банки.

„На национално ниво, ги финализираме активностите поврзани со усвојувањето на новата регулаторна рамка со која се транспонира широк сет прописи од Европската Унија во областа на плаќањата, коишто, веруваме, ќе бидат поттик и охрабрување за иновациите и конкуренцијата, со што дигитализација на платежните услуги ќе се доведе на повисоко ниво” – потсети Нацевска. 

На Конференцијата учествуваа повеќе од 200 учесници, претставници на Европската централна банка и националните централни банки од Европската Унија, централните банки на земјите од регионот, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните небанкарски институции. Со своето активно учество на Конференцијата, поставувајќи релевантни прашања и отворајќи нови перспективи за развојот на платежните услуги во земјата и пошироко, тие го дадоа својот придонес за нејзината успешност. 

Народната и натаму активно ќе ги следи новитетите и трендовите од областа на плаќањата во дигиталната ера и ќе се залага за поттикнување на активностите за подобрување на платежните услуги кај нас, имајќи ги предвид искуствата споделени на Конференцијата.

Клучни зборови

  • вицегувернер
  • Емилија Нацевска
  • конференција
  • Народна банка
  • платежни услуги
  • плаќања
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk