Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка на Кина ја отвори вратата на кинескиот пазар за Мастеркард

14 фев. 2020 г.·2 мин читање·47 прегледи

Следете не на Viber

„Mastercard” доби одобрение од Народната банка на Кина (PBOC) да започне официјални подготовки за основање на сопствена подружница за порамнување на банкарски картички во земјата.

Mastercard Centre in Beijing. Jason Lee photo

Влегувањето на кинескиот пазар за гигантот за платежни картички „Mastercard” е вредно 27 милијарди американски долари, по долгогодишни макотрпни преговори со земјата за влез на кинескиот пазар. Уште во јуни 2015 година, Кина ги ги олесни ограничувањата на прекуокеанските компаниите коишто добиваат лиценца за работа преку основање на сопствени подружници во Кина или со преземање на некоја локална компанија.

Во тоа време, „Mastercard” формираше заедничко вложување со мнозинско сопствеништво на локалната компанија „NUCC Information Technology (Beijing) Co. Ltd”, во соработка со „NetsUnion Clearing Corporation” (NUCC).

Најновoта регулаторнo ублажување на препреките е дел од трговскиот договор меѓу Кина и САД кој ветува 90-дневен циклус на одобрување за апликации како „Visa”, „Mastercard” и „American Express”.

„Кина е пазар од витално значење за нас како компанија и ја повторивме нашата непоколеблива заложба да помогнеме на побезбеден, поинклузивен и беспрекорен екосистем за плаќање за кинеските потрошувачи и компании. Остануваме фокусирани на соработката со кинеската влада и локалните партнери, како би развиле целосна инфраструктура за плаќање“,изјави Ајај Банга, претседател и извршен директор на „Mastercard”.

„Mastercard” има едногодишен период за да воспостави активности и да аплицира до Народната банка на Кина за официјално одобрување да започне активности за клиринг на домашните банкарски картички.

Земјата во моментот има повеќе од осум милијарди картички во оптек и моќен пазар за мобилно плаќање во кој доминираат домашните технолошки гиганти „Alibaba” и „TenCent”. Двете компании минатата година лансираа верзии на нивните апликации за мобилни плаќања за странските посетители во Кина.

Клучни зборови

  • Кина
  • Масте
  • Народна банка на Кина
  • Платежни картички
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk