Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница

14 ное. 2021 г.·2 мин читање·1127 прегледи

Следете не на Viber

На видеоконференциски состанок, беа претставени најновите макроекономски проекции на Народната банка пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На настанот учествуваа и претставници на Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН  (УНДП), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Унгарија, Чешка, Украина, Словачка, Бугарија, Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Германија, Словенија, Грција, Романија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

„Проекциите на Народната банка за темпото на закрепнување на македонската економија и за инфлација се многу блиску до проекциите и на меѓународните финансиски институции и Европската комисија. Народната банка проектира економски раст за оваа година од 3,9%, ММФ и Европската комисија од 4%, а Светската банка од 4,6%. Во однос на инфлацијата, за оваа година, Народната банка проектира раст од 3,1%, што е идентично и со проекцијата на ММФ и слично на проекцијата на Европската комисија од 3,3%, а Светската банка проектира умерено пониска инфлација од 2,4.” –  беше истакнато на состанокот, откако се водеше и дискусија за оцените и очекувањата на централната банка.

Во презентацијата, гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека макроекономското сценарио и ризиците околу него и овојпат се условени пред сѐ од натамошните случувања поврзани со здравствената криза, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство и актуелната енергетска криза.

Меѓу другото, Ангеловска-Бежоска се осврна и на очекувањата за натамошен солиден кредитен и депозитен раст. Како што посочи, се очекува кредитна активност на банкарскиот сектор, којашто ќе го поддржи закрепнувањето на економијата. Според проекциите, кредитната поддршка оваа година ќе изнесува 7,1% и постепено ќе забрза достигнувајќи околу 8% на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите.

Претставувањето на макроекономските проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е редовна практика, а имајќи ги предвид околностите со пандемијата, по третпат се одржа преку видеоконференциска врска.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)
  • макроекономските проекции
  • Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
  • Светската банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk