Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Над 3.500 пријавени учесници за „Вози право, вози здраво“, регистрацијата сѐ уште трае

1 јун. 2022 г.·3 мин читање·1573 прегледи

Следете не на Viber

Повеќе од 3.500 деца и возрасни досега се пријавија за најмасовниот настан на тркала низ улиците на Скопје, „Вози право, вози здраво“ што ќе се одржи во недела (5 јуни) во организација на Стопанска банка АД-Скопје.

Во недела скопските улици неколку часа ќе бидат преплавени од луѓе со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди. Сите регистрирани учесници од денеска може да ги подигнуваат своите стартни броеви од i-bank store филијалата на Стопанска банка во ГТЦ од страната на кејот 13 Ноември. Подигнувањето е овозможено од среда (1 јуни) до петок (3 јуни) од 10 до 18 часот, како и во сабота (4 јуни) од 12 до 20 часот. На денот на ревијалниот настан, во недела (5 јуни), нема да може да се подигнуваат стартните броеви. Оние што сѐ уште не се регистрирале, тоа може да го направат преку овој линк.

Стартот на „Вози право, вози здраво“ е во 18 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што сите учесници ќе се освежат со вода, сокови, грицки и сладолед и ќе се забавуваат со добра музика и акробатите од Баскерфест. На стартот ќе има групни предизвици за учесниците во кои најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка, а на крајот на настанот ќе има богата лотарија за сите регистрирани учесници во која ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

Добитници на наградите се учесниците чиј стартен број ќе биде извлечен, а не тие што пристигнале први на целта, при што извлечените добитници мора да се лично присутни за време на лотаријата за да го покажат својот стартен број. Во спротивно, наградата ќе биде доделена на следниот извлечен добитник.

„Вози право, вози здраво“ е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели. Ова ќе биде шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани.

Клучни зборови

  • вози здраво
  • Вози право
  • Стопанска банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk