Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МФ: Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена

25 авг. 2022 г.·2 мин читање·2108 прегледи

Следете не на Viber

Јавниот сектор ќе ги намирува обврските кон приватните компании за 30 дена. Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина, кој е предлог на Министерството за финансии, а беше прифатен од Владата, предвидува рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор да се сведе на 30 дена од 2025 година.

Со предлогот се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што од 60 дена колку што изнесува сега од 1 јануари 2023 година тој рок се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 ќе се намали дополнителни 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година ќе биде 30 дена.

Се скратува рокот и за плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Односно со предложените измени се предлага од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена.

Измените се вршат со цел усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно ЕУ Директивата за задоцнето плаќање.
Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена.

Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена.

Актуелниот Закон за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

Клучни зборови

  • Министерство за финансии
  • финансиска дисциплина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk