Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

МФ: Усвоен концепт за Стратегијата за либерализација и развој на финансиските пазари како и регулацијата на употреба на криптосредствата

2 сеп. 2021 г.·3 мин читање·2697 прегледи

Следете не на Viber

Подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари и прашањето околу регулацијата на употреба на криптосредствата беа главните теми на кои се дискутираше на вчерашната седница на Советот за развој на пазар на капитал со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Македонија, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ.

Целта е подигнување на улогата и значењето на пазарот на капитал, либерализација на финансиските пазари, како и зголемување на придонесот на пазарите на хартии од вредност во растот на БДП. Додека активностите и мерките се насочени кон домаќинствата, компаниите, инститиуционални инвеститори, инфраструктура и банки.

На вчерашната седница беше усвоен концептот за подготовка на Стратегијата за либерализација и се дадоа насоки на работната група за продолжување на активностите за финализирање на Стратегијата. Истата се очекува да биде финализирана до крајот на оваа година.

Стратегијата ќе дефинира рокови, носители на активностите и очекувани документи кои се однесуваат на посебните мерки, како и акциски план за нејзино спроведување.

На седницата беше отворено и прашањето за потребата од регулирање на виртуелните средствата, познати како криптовалути. Пред членовите на Советот беа претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто – средства

Некои држави имаат донесено законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Ова е втора седница на Советот, кој ги интензивира активностите, а чија цел е да даде придонес во изнаоѓање вистински решенија за натамошен раст и развој на пазарот на капитал преку заеднички напори и меѓусебна размена на искуства и идеи.

Совет за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје и претставник на стопанските комори.

Клучни зборови

  • криптосредства
  • либерализација
  • стратегија
  • Фатмир Бесими
  • финансиски пазари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk