Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МФ: „Стандард и пурс” ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

25 јан. 2025 г.·3 мин читање·622 прегледи

Следете не на Viber

Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс”, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Агенцијата ја нотира определбата на Владата за сеопфатни реформи со цел забрзување на економскиот раст, зајакнување на административните капацитети, борба против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото.

Во извештајот Агенцијата наведува дека главен приоритет на Владата е стимулирање на економскиот раст и постигнување стапки на раст до 5% преку реализација на големи инфрастуктурни проекти. Агецијата посочува и дека се вложуваат напори и за зајакнување на инвестициите, подобра наплата на даноците,  како и зголемување на пензиите и платите за поддршка на граѓаните. Притоа, посочуваат на потребата од спроведување засилена фискална консолидација.

Со усвоениот Буџет за 2025 година, како што стои во извештајот, дефицитот е проектиран на 4% од БДП. Приходите се очекува да се зголемат за 13%, достигнувајќи 35,7% од БДП, поттикнати од поголемата наплата на даноци и придонеси за социјално осигурување, како и повисоки стапки на економски раст. Расходите ќе забележат раст од 10,3%, што изнесува 40% од БДП, пред се заради повисоките плати во јавниот сектор и социјални трансфери, повеќе средства за здравствена заштита, како и за капитални инвестиции, кои се планирани на 47,2 милијарди денари или 4,2% од БДП. Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит според „Стандард и пурс” може да претставуваат меѓу другото осварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и згоелмување на трошоците за инвестциите.

Агенцијата наведува дека слабата надворешна побарувачка и ограничена инвестициска активност го ограничија растот на економијата на 2,6% во првите три квартали од 2024 година. Подобрување Агенцијата очекува во 2025 година со раст на економијата од 2,9% и негово стабилизирање на ниво од околу 3% до 2027 година, поттикнати од постепеното закрепнување на надворешната побарувачка и пораст на инвестициската активност.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Агенцијата смета дека спроведување на структурните реформи може да донесат значителен напредок за земјата, поддржани од подобрите фискални перформанси, намалување на долгот и силниот економски раст.

„Стандард и пурс„го оценува кредитниот рејтинг на земјата два пати во годината. Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати во годината и од страна на „Фич”. Тој претставува клучен инфикатор за потенцијалите инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање.

Клучни зборови

  • Стандард и Пурс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk