Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МФ: Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите

11 авг. 2021 г.·2 мин читање·921 прегледи

Следете не на Viber

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во РС Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки.

Економските оператори коишто сакаат да учествуваат во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки се евидентираат во евиденција на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

Членството во НАТО треба да делува како катализатор на економскиот раст. Со подобрување на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува и поголем раст на странските инвестиции.
Во примерот на Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП. Во Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, додека кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти.

Воедно, во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО.

Клучни зборови

  • македонски компании
  • Нато
  • тендери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk