Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

МојДДВ #МојаНаграда: Првите 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари

8 јан. 2020 г.·2 мин читање·92 прегледи

Следете не на Viber

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, вчера добија по 100.000 денари на вчерашното јавно извлекување на Канал 5 ТВ. Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, коишто скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка. Официјалната листа на добитниците се објавува во рок од три дена од извлекувањето на  https://loto.mk/MojaNagradaRezultati .


По почетокот на  МојДДВ #МојаНаграда, во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53% повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59% повисок.


Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1.јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од 5 милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.


Граѓаните кои учествуваат во наградната игра МојДДВ #Моја награда не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија.

Клучни зборови

  • МојаНаграда
  • МојДДВ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk