Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МОТ: Над 25 милиони граѓани во светот ќе ги изгубат работните места поради Ковид-19

27 мар. 2020 г.·2 мин читање·62 прегледи

Следете не на Viber

Глобалните загуби на работни места како резултат на кризата со коронавирус би можеле далеку да ја надминат бројката од 25 милиони граѓани, како што беа проценките пред само неколку дена, оценија официјални претставници на Обединетите нации, истакнувајќи дека извештајот за раст на невработеноста во САД експлицитно укажува на големината на економската катастрофа.

Пред една недела, Меѓународната организација на трудот (МОТ) процени, врз основа на различни сценарија за влијанието на пандемијата врз глобалниот економски раст, дека бројот на невработени на глобално ниво ќе се зголеми за меѓу 5,3 и 24,7 милиони луѓе.

Но, Сангеон Ли, директор на Секторот за политика за вработување при МОТ, вчера изјави дека обемот на привремена невработеност, технолошки вишок и бројот на барања за помош поради невработеност е далеку поголем од првично проценетиот, пренесува Ал Џезира.

Ќе дадеме се од себе за да го земеме предвид влијанието на привремената масовна невработеност при моделирање на нашите проценки. Интензитетот на оваа флуктуација е многу поголем отколку што се очекуваше“, рече тој.

Проекцијата за загуба на работни места ќе биде многу поголема, далеку над 25 милиони, како што претходно проценивме, додаде тој.

За споредба, глобалната финансиска криза од 2008/2009 година. ја зголеми глобалната невработеност за 22 милиони луѓе.

Во САД, каде, како и во многу делови на светот, мерките за спречување на ширењето на пандемијата практично ја парализираа економската активност, бројот на Американци кои бараат надомест за невработеност скокна на повеќе од три милиони луѓе минатата недела. Ова го урна претходниот рекорд од 695.000 побарувања забележани во 1982 година.

Алармантно предупредување упати и претседателот на филијалата на Федерални резерви во Сент Луис Џејмс Булард, кој процени дека до 46 милиони Американци, односно речиси третина од американските работници, би можеле да ги изгубат работните места за кус временски период.

Клучни зборови

  • international labour organization
  • Меѓународната организација на трудот
  • Сангеон Ли
  • Џејмс Булард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk