Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НАРОДНА БАНКА: Во ноември месечен раст на депозитите од 1,1%, еве на што се должи

21 дек. 2021 г.·3 мин читање·815 прегледи

Следете не на Viber

Во ноември 2021 година, паричната маса  е зголемена за 0,7% на месечна основа, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари, при помал раст и кај краткорочните депозити, а во услови на пад на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 9,5%, главно како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити, при мал раст и на готовите пари во оптек и речиси непроменети долгорочни депозити до две години.

Во ноември, вкупните депозити забележаа месечен раст од 1,1%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,1% и е резултат на зголемените депозити кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

‒ Вкупните кредити овој месец, се зголемени за 0,8% на месечна основа, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 7,7%, којшто во услови на раст на кредитирањето кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“.

‒ Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември забележаа раст од 3,4% на месечно ниво. Месечниот раст главно се должи на зголемените депозитни пари, во услови на помал раст и на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари. Споредено на годишно ниво, овие депозити се повисоки за 13,7%, поради растот на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

‒ Во ноември, кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е остварен месечен раст од 1,0%, којшто во најголем дел е резултат на зголеменото кредитирање во денари. Во споредба со ноември претходната година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 7,4%, како резултат на повисоките кредити во денари и во странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележат месечно зголемување
од 0,3%. Притоа, промената главно се должи на растот на краткорочните депозити
во странска валута, при помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута,
додека депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа, овие депозити се повисоки за 7,1%, во најголем дел поради зголемените краткорочни депозити во странска валута и депозитните пари, при помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари.

‒ Во ноември, кредитите на домаќинствата се повисоки за 0,6% на месечно ниво,
при остварен годишен раст од 7,7%. Притоа, во услови на зголемување на кредитите
во денари и во странска валута, растот на месечна и годишна основа е поизразен кај
кредитите во денари

Во ноември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележаа месечен раст од 0,5% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 6,8% и 16,1%, соодветно.

Овој месец, кај автомобилските кредити е забележан пад од 2,4% и 17,9% на месечно и годишно ниво, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1%, при годишен пад од 9,3%. Негативните салда на тековните сметки се пониски за 0,5% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 1,2%. Во ноември, кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 1,8%
и 30,6%, соодветно.

Клучни зборови

  • монетарни движења
  • Народна банка
  • ноември
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk