Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ММФ со уште една потврда за стабилноста на денарот

20 дек. 2021 г.·2 мин читање·2934 прегледи

Следете не на Viber

Меѓународниот монетарен фонд уште еднаш ја потврди стабилноста на денарот и на банкарскиот систем во земјава. Во изјавата од последната редовна мисија на ММФ во земјава се наведува дека фиксниот девизен курс на денарот e сидро на стабилноста, поддржан од соодветното ниво на девизните резерви.

Меѓународниот монетарен фонд оценува дека банкарскиот систем се покажа како стабилен и силен за време на пандемијата и дека и понатаму останува добро капитализиран. Меѓународниот монетарен фонд препорачува понатамошно зајакнување на рамките за макропрудентна политика и на финансиската безбедносна мрежа. Од Фондот посочуваат и дека е неопходно зачувување на независноста во работењето на Народната банка.    

Во изјавата на Мисијата се осврнуваат и на монетарната политика, при што според ММФ, промените во домашната монетарна политика не би имале влијание врз ефектите од ниту еден од глобалните фактори коишто влијаат на инфлациските движења. Како што наведуваат, зголемувањето на цените на енергијата и храната во глобални рамки, како и во другите земји, поттикнаа поголема инфлација во 2021 година, а можно е тие да придонесуваат кон инфлацијата и на почетокот од 2022 година. Општо земено, ММФ очекува дека инфлацијата ќе почне да се намалува во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во периодот потоа.

Клучни зборови

  • денар
  • денари
  • монетарен фонд
  • Народна банка
  • стабилноста на денарот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk