Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Мицкоски со порака од Конгресот: Македонија може, знае и ќе успее!

6 дек. 2025 г.·2 мин читање·499 прегледи

Следете не на Viber

Од овој конгрес испраќаме една порака што треба да одекне низ секој град, секое село, секое семејство и секое срце: Македонија може, Македонија знае, Македонија ќе успее. Со визија, со работа, со единство. Со сила што не се гледа само во говори, туку во секојдневното креирање просперитет. Нашата задача не е да ветиме иднина, туку да ја создадеме. А, ако стоиме цврсто, обединети и сигурни во правецот, тогаш иднината ќе личи на нас, а не ние на неа, рече во своето воведно обраќање на денешниот XVIII конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски.

Додаде дека денес се затвора една етапа на неизвесност и се отвора деценијата на зрелоста, на растот и развојот на Македонија.

„Денес, пред оваа сала, ја затвораме една етапа на неизвесност и ја отвораме деценијата на зрелоста. Деценија во која државата не само што ќе опстане, туку ќе расте, ќе се стабилизира, ќе напредува, ќе стане пример. Деценија во која ќе покажеме дека политиката може да биде чест професија, дека лидерството може да биде служба, а државата заеднички дом што го чуваме и го градиме со љубов, упорност и дисциплина”, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ова е нашата обврска, нашата чест и нашата заедничка мисија, повикувајќи на поддршка за стратешките документи, визија и планови кои ќе носат на партискиот Конгрес.

„Секое време бара прилагодување. Ние мора да се прилагодиме на времето кое доаѓа и на генерацијата на која мораме да и дадеме шанса. Ова е словото врз кој е го темелиме идниот развој. Заедно и обединети, за визија која ќе ја гради државата и заедничката иднина. Ве повикувам да ја поддржите оваа стратегија и пропратните доктринарни, стратешки документи, визија и планови”, повика Мицкоски.

Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk