Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Милчо Манчевски во видео обраќање: Непотизмот и корупцијата ја осиромашуваат економијата

10 јун. 2022 г.·3 мин читање·1981 прегледи

Следете не на Viber

Ако сакаме да зборуваме за просперитетна и функционална економија, ајде да зборуваме малку за непотизмот и корупцијата, не само затоа што се тие морално погрешни туку и затоа што многу ја чинат секоја економија, посебно оние сиромашните“. Вака, во снимена видео порака од Њујорк, на учесниците на  меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која деновиве се одржуваше во главниот град на државата им се обрати режисерот Милчо Манчевски.

„Ги немав врските кои беа неопходни за да ја добијам поддршката од државата, но постарите филмски режисери ја имаа. Моите проекти добиваа добри оценки но некако секогаш умираа на патот до добивање финансиска поддршка од Владата“, раскажа Манчевски.

Тој зборуваше за пречките на кои наидувал обидувајќи се да ја реализира првата македонска филмска копродукција –„ Пред дождот“, кој на крајот беше финансиран од странски извори. „Министерството за култура најпрвин се согласи да го финансира проектот, но потоа се повлече, бев и кај министерот и кај премиерот, и кај претседателот на државата, за потоа министерот да признае дека бил убедуван од одредени мои колеги дека филмот бил всушност шема како да се потрошат македонски пари’, рече Манчевски.

Македонската држава, на крајот, сепак учествуваше во финансирањето на овој култен филм на македонскиот режисер, но, како што Манчевски вели, со саму седум проценти од буџетот. Пред дождот“ , додека, пак, неговиот втор филм „Прашина“ доби само 5%  од финансиите. „Во меѓувреме, синот на еден друг режисер доби повеќе пари за својот еден филм отколку што добив јас за сите мои филмови, синот на поранешен шеф на полицијата  беше директор на Агенцијата за филм, синот на министерот за пропаганда беше главен на Синдикатот на филмските работници“, вели Манчевски во своето видео обраќање.

„Трипати заминував од Македонија и трипати се враќав, донесов знаење, финансии и желба да помогнам. Но, многумина заминуваат не само поради желбата за повисока заработувачка туку и поради подобри услови за живот, за почист воздух и ефикасно судство, на места каде не мораш да бидеш нечиј син или ќерка за да имаш работа и пристоен живот“ рече Манчевски.

Филмот стана најнаградувано уметничко дело на Македонија, освојувајќи преку 30 награди на филмските фестивали, вклучувајќи ја и статуата Златен Лав на Венецијанскиот Филмски фестивал, а имаше и номинација за Оскар.

Повикувајќи се на анализите на американскиот нобеловец Пол Кругман за тоа колкави штети ѝ нанесла невработеноста на американската економија за време на кризата во 2008 година, Манчевски праша колкава е тогаш штетата по македонската економија од огромниот одлив на мозоци кои ѝ се случува на државата во последние три децении.

Клучни зборови

  • корупција
  • Милчно Манчевски
  • непотизам
  • Пред дождот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk