Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Микро и малите претпријатија бараат од Уставен суд да не застаруваат долговите

15 мај 2024 г.·4 мин читање·1094 прегледи

Следете не на Viber

Се нижат барањата до Уставен суд да поведе постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи (ЗОО). Откако на седницата во јануари годинава Уставен реши да не поведува постапка за оценување дали измените, со кои извршувањето на долговите застарува за 10 години, се во согласност со највисокиот правен акт во државава, до Судот пристигна ново, трето барање за оценка.

Овој пат иницијативата е поднесена од лицето Доне Лазаревски, сопственик на фирма, кој бара да се укине членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО каде е наведено дека членот 368 се менува. Лазаревски смета дека наведените законски измени негативно влијаат на понатамошното работење на фирмите, со оглед дека стоките уредно се испорачувани, а не можат да се наплатат со овие законски измени. Исто така, Лазаревски наведува во најновата иницијатива дека овие измени ги доведуваат бизнисмените во положба дека е подобар избор да не се работи и да не се вложува во стопанството, отколку да се соочат со загуба на сопственоста поради законска заштита на должниците кои не го подмируваат долгот.

„Со донесување на законските измени за застареноста јас како сопственик на микропретпријатие повеќе од триесет години, кое уредно плаќам даноци, придонеси и други потребни давачки кон државата, сум принуден да престанам со работа, поради непостоењето на правната заштита на сопственоста и непостоењето на правната сигурност“, наведува Лазаревски во најновата трета иницијатива за оценка Уставноста на измените на ЗОО.

Пред Лазаревски, до Уставниот суд поднесоа иницијативи за оценка на уставноста и адвокатот Љупчо Кузмановски и физичкото лице Предраг Баришиќ.

Но, со јавни реакции и барање за оценка на уставноста на Измените на Законот за облигациони односи, реагираа од Стопанската и Адвокатската комора и од Македонската банкарска асоцијација од каде сметаат дека измените на ЗОО го нарушуваат владеењето на правото, но и сериозно нанесуваат штета на водењето бизнис во државава.

Интересно, и при самото носење на овие измени во Собранието, летото 2023 година, самата Влада на СДСМ и ДУИ им порача на пратениците од мнозинството, значи на СДСМ и ДУИ, да не го гласаат овие измени кои беа предложени од група пратеници. И самата влада сметаше дека со нив се поттикнува правна несигурност во државава.

  • Мислење на Владата од 04.07.2023г. за измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување упатено до Собранието.

Исто така, откако Уставен суд реши да не се изјасни за првата иницијатива за оценување на уставноста, со реакција во јавноста излегоа повеќе адвокати и адвокатски канцеларии кои сметаат дека со ваквите измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, директна штета ќе трпат граѓаните кои имаат пари за наплата од своите должници. Наведоа дека во пет случаи граѓаните ќе имаат директна штета и тоа при следново:

  1. Постапки за т.н алиментација односно исполнување на обврска на родители за плаќање надомест за издршка на малолетни деца.
  2. Постапки во кои во услови на несреќен случај настапува смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето.
  3. Постапки за остварување на правото на сопственост или сопственички постапки.
  4. Постапки од работни односи за исплата на плата и други надоместоци од работен однос.
  5. Постапки од должничко-доверителски односи.
  6. Постапки пред извршители кои не можат да се реализираат поради член 218 од Законот за извршување.

Исто така, одлуката на Уставниот суд, предизвика дел од судовите и правните експерти да имаат стручна дебата бидејќи начинот на примена на изменетиот Закон ги збуни правните институции и експертите, кои реагираа дека во пракса, ваквото законско решение, создава хаос. Поради ваквата тешка применливост во реалноста, се бара правно мислење од Врховен суд, за да има воедначена примена на одредбите од Законот за облигациони односи. Поради овие нејаснотии, експертите од областа на правото, практичари, но и универзитетски професори ќе иницираат јавна дебата.

 

Новинар: Горан Теменугов

Клучни зборови

  • Долгови
  • облигациони односи
  • уставен суд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk