Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Мерцедес-Бенц“ ги предупреди купувачите за проблем во системот на ладење во неколку модели

7 јан. 2022 г.·2 мин читање·4339 прегледи

Следете не на Viber

Мерцедес-Бенц“ ги извести сопствениците на неколку негови луксузни автомобили за проблем во системот за ладење што може да доведе до пожар, додавајќи дека во овој миг не може да ги повлече возилата бидејќи не може да ги набави потребните делови.

Проблем е можното истекување на течноста за ладење од пумпата, што може да доведе до загревање на делови од возилото. Неисправна пумпа е инсталирана во модели ГЛЕ / ГЛС (платформа 167), Ц-класа (платформа 205), Е-класа (платформа 213), С-класа (платформа 222), С-класа (платформа 223), Е-класа купе / кабриолет (платформа 238), ГЛЦ (платформа 253), ЦЛС (платформа 257) и Г-класа (платформа 463), наведуваат тие.

„Во меѓувреме, со возилата треба да се постапува со голема претпазливост и нивната употреба да се сведе на минимум. Сопственикот на возилото што треба да се повлече секогаш може да контактира со најблискиот сервисен партнер на ’Мерцедес-Бенз‘,“ се наведува во соопштението на компанијата.

„Дајмлер“ не ја потврди информацијата на весникот „Билд“ дека неисправниот систем за ладење можеби го имаат 800.000 автомобили.

Клучни зборови

  • Мерцедес Бенц
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk