Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МБА ПОВИКУВА: Сите фирми кои се клиенти на банките и штедилниците да се пријават во Регистарот на вистински сопственици

23 фев. 2021 г.·3 мин читање·1870 прегледи

Следете не на Viber

Македонската Банкарска Асоцијација со апел до сите правни лица – клиенти на деловните банки и штедилници кои подлежат на обврската за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици,  да го извршат пријавувањето во Регистарот во законски предвидениот рок до 27.04.2021 година, со цел понатамошно непречено извршување на платниот промет и воспоставените деловни односи.

Регистарот на вистински сопственици кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Македонија започна да функционира на 27.01.2021 година со што тече рокот од 90 (деведесет) дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици се врши електронски во Централниот регистар на Македонија (https://www.crm.com.mk).

Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сите правни лица кои се предмет на упис во Централниот Регистар на Република Македонија имаат обврска до 27.04.2021 година да извршат запишување на податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици, додека правните лица основани (регистирани) по 27.01.2021 година имаат обврска во рок од 8 (осум) дена од уписот на основањето на деловниот субјект да извршат запишување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици.

Обврската за внесување податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици не се однесува на:

трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост, правни лица во постапка на стечај и ликвидација, самостојни вршители на дејност како и правните лица чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

Започнувајќи од 28.04.2021 година, банките имаат обврска за сите клиенти – правни лица, да ги проверат податоците за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици и да обезбедат доказ дека е извршен соодветен упис во Регистарот на вистински сопственик.

Доколку клиентот – правно лице во предвидените рокови не изврши запишување на вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици, или податоците во Регистарот нема да бидат ажурирани согласно законските рокови, работењето со сметките ќе му биде оневозможено/одложено, се додека не ги запише/ажурира потребните податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот.

Клучни зборови

  • Македонска банкарска асоцијација
  • мба
  • Регистар на вистински сопственици
  • Централен регистар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk