Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Машински инженери и техничари од „Фероинвест“ ја монтираат опремата за ХЕ „Накра“ во Грузија

1 дек. 2021 г.·2 мин читање·922 прегледи

Следете не на Viber

Тим од инженери и техничари од „Фероинвест“ работи на инсталирање на третата хидроелектрана во Грузија. На подготвен терен ги пречекаа турбинските куќишта кои што на почетокот на ноември беа испорачани од фабриката на „Брако“ во Велес. Веднаш потоа , беа испорачани три возила со дополнителна електромашинска опрема. Во моментов, стручниот тим од „Фероинвест“ работи на монтажа на опремата во првата фаза.

„По завршување на првата фаза, следува секундарно бетонирање на турбинските куќишта и сушење на бетонот во период од 14 дена. Во тој период, во Грузија ќе пристигнат уште два камиони со генератори со што почнува втората фаза од монтажата на опремата“- велат од компанијата.

За монтажа на опремата во втората фаза, на терен во Грузија ќе пристигне друг тим од електро инженери и техничари кои паралелно ќе работат на монтажата на електроопремата (среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари, трансформатори, каблирање), а првата екипа ќе продолжи со останатата машинска опрема (работно коло, инјектори, млазници, хидраулични цилиндри, хидраулични агрегати).

Во последната трета фаза од монтажата на опремата во Грузија ќе пристигне тим од секторот за  управување и СКАДА со што започнува тестирањето на опремата, конфигурирање на СКАДА системот, тестирање на генераторски лежишта и на крај 24 часовен тест по што се смета дека хидроелектраната е пуштена во работа.

Групацијата Брако – Фероинвест произведе опрема за две други хидроелектрани во Грузија ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“ кои веќе две години успешно произведуваат електрична енергија.

Големиот енергетски проект е финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и експертизата на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Грузија
  • Групација Брако
  • Фероинвест
  • хидроелектрана
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk