Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

“Мастеркард” дозволи лимитот за бесконтактни плаќања во Македонија да се зголеми на 2.000 денари

28 мар. 2020 г.·3 мин читање·74 прегледи

Следете не на Viber

Интернационалната компанија “Мастеркард” ја објави својата посветеност да овозможи зголемување на ограничувањата за бесконтактно плаќање низ цела Европа. Овој потег доаѓа откако 29 земји имплементираа нови лимити, со крајна цел да ги подобрат трговските искуства за луѓето низ целиот регион.

Во цела Европа, “Мастеркард” застапува неколку иницијативи кои бележат драматично зголемување на употребата на бесконтактни картички и мобилни уреди; 75% од сите трансакции со Mastercard низ цела Европа сега се бесконтактни. Ова зголемување на ограничувањата ќе значи дека сопствениците на картички и продавачите наскоро ќе можат да направат и да примаат повеќе од своите плаќања и брзо и безбедно и без потреба се внесе PIN или да користат пари.

„Mastercard беше првата комапнија што го сфати потенцијалот и се осигура дека сите терминали за плаќање бидат подготвени за бесконтактни плаќања од 1 јануари 2020 година. Сите сега видовме колку брзо луѓето ги прифатија бесконтактните плаќања како најпосакуван начин преку кој плаќаат секој ден. Ова соопштение е дизајнирано да го одрази темпото на промена на однесувањето на луѓето кои ги користат нашите услуги, нудејќи им леснотија, брзина и мир во еден свет што брзо се менува.“ рече Милан Гаудер, извршен потпретседател за производи и иновации во Европа на Мастеркард.

Меѓу 29 земји, Велика Британија, Ирска, Естонија и Полска веќе ја имплементираа промената на лимитите, додека земјите како Холандија и Грција спроведуваат привремени зголемувања на лимитите, со цел да им помогнат на своите луѓе едноставно да купуваат во овој тежок период.

Во продолжение, погледнете ја листата со сите 29 земји во која се прикажани старите и новите лимити:

Клучни зборови

  • Mastercard
  • бесконтактни плаќања
  • лимити
  • Мастеркард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk