Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Марија Ѓениќ, Радмила Јованова и Марија Мано-Петковски најдобри банкарски службеници на Шпаркасе Банка АД Скопје

Пари·30 окт. 2021 г.·2 мин читање

Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, денес на свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, беа прогласени најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2021 година. Наградените службеници добија пофални зборови и признанија за нивната посветена работа и остварени резултати во текот на годината.

„По успешното присоединување на Охридска банка кон Шпаркасе Банка, нашите тимови заедно го продолжија патот како поголема и подинамична банка. Сплотени под брендот на SPARKASSE, веќе започнавме да остваруваме нови цели и да се справуваме со нови предизвици. Особено сме горди на успесите на нашите вработени и ја цениме нивната посветеност во работата која ја покажаа во оваа исклучително важна година за нашата Банка.

Нашите вработени се нашата најголема вредност и ние како менаџмент на Шпаркасе Банка секогаш се гордееме со сите нивни успеси. Ја цениме нивната посветеност и се грижиме за нивна што поголема мотивација и остварување на заедничките цели“ – изјави Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Шпаркасе Банка АД Скопје додели признанија за „Најдобар банкарски службеник”, кои во време на пандемија грижата за клиентите и одговарање на нивните потреби ја ставија на прво место.

Марија Ѓениќ, Самостоен соработник за односи со население и микро клиенти во експозитура Буњаковец

Радмила Јованова, Самостоен соработник за односи со МСП во регион Исток

Марија Мано-Петковски, Благајник – Самостоен соработник во експозитура Битола

Клучни зборови

  • Нина Неданоска
  • Светскиот ден на штедењето
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk