Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

МАПАС: Вториот и третиот пензиски столб во првите пет месеци од 2021 година остварија раст од 9%

16 јун. 2021 г.·3 мин читање·994 прегледи

Следете не на Viber

Во насока на навремено и соодветно информирање на јавноста за клучните аспекти поврзани со тростолбниот пензиски систем во РСМ, МАПАС и оваа година спроведува активности за информирање и едукација на граѓаните.  Преку овие активности МАПАС има за цел да ја подигне свеста особено кај младите кои сега стапуваат во работен однос за важноста од навремено информирање за придобивките и можностите, како и за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Капитално финансираното пензиско осигурување во првите пет месеци од 2021 година оствари раст од 9%. Заклучно со мај 2021 година, нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат околу 95 милијарди денари, додека нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 2,5 милијарди денари. И бројот на членови во вториот столб се зголеми за 2% и сега изнесува околу 538 илјади, додека во третиот столб вкупниот број на членови во мај 2021, споредено со декември 2020 година, се зголеми за 2% и изнесува 26 илјади членови.

На 1.3.2021 почна со работа и третиот доброволен пензиски фонд – Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, и сега капитално финансираното пензиско осигуурвање брои вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни пензиски фондови.

Позитивните резултати се потврда за стабилноста на капитално финансираното пензиско осигурување кое е под супервизија на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

„Навистина сме горди што и успешно работиме во интерес на осигурениците. Постигнатите резултати нѐ охрабруваат да продолжиме со нашата цел – подигнување на свеста, особено на младите, за навремено информирање и носење одлука за својата пензија. Колку порано граѓаните се информираат и се вклучат во капитално финансираното пензиско осигурување, толку подобра иднина си обезбедуваат за мирни и стабилни пензиски денови“, истакна Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Сите информации за членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите се достапни на интернет страницата www.penzija.mk

Капитално финансираното пензиско осигурување е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финансискиот систем, веднаш по банкарскиот сектор во земјава и има значајна улога за финансиската стабилност на земјата.

Клучни зборови

  • втор пензиски фонд
  • МАПАС
  • трет пензиски столб
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk