Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонците ги заменија Банско и Боровец со Златибор и Копаоник

12 јан. 2022 г.·2 мин читање·5936 прегледи

Следете не на Viber

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско–бугарската стопанска комора,  во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците сѐ повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.

„На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму ‘Как’в си?’ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала“, рече бизнисменот..

Лазаров вели дека премиерот во оставка Зоран Заев своевремено правел сѐ за ја зголеми довербата кај бугарските бизнисмени да инвестираат во Македонија.

„Пред ветото имав два пати на ден јавувања од бугарски бизнисмени, но по тоа наеднаш сето тоа беше пресечено како со нож. Заев наместо за 30 дена, помагаше за 8 до 10 дена бугарските инвеститори да отворат бизнис. Но ги одбиваше ако сакаа за евтини пари да купат некоја фирма“, тврди Лазаров.

Тој додаде дека силно очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

Клучни зборови

  • Кирил Лазаров
  • Македонско – Бугарската стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk