Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонски производи на рафт во ЛИДЛ маркетите?

7 јун. 2021 г.·2 мин читање·13281 прегледи

Следете не на Viber

Македонските производи би можеле да станат дел од синџирот на набавка на lidl. Преговорите со оваа компанија, која најави инвестиција во земјава, се во тек.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА открива дека се разговара и за тоа дали постои можност македонските производи да станат дел од овие маркети.

– Тоа е голема инвестиција и требаат поприлично многу подготовки. Но, она што е клучно е дека ние не ја третираме само како инвестиција со која доаѓа еден голем бренд во земјава. Во овој момент преговараме со нив дали нашите производи ќе станат дел од ланецот на набавка на ЛИДЛ, дали преку влегувањето на ЛИДЛ во нашата земја ќе успееме производите кои се произведуваат кај нас да ги ставиме во глобалниот синџир на ЛИДЛ. ЛИДЛ е важен затоа што ќе донесе некои продукти, кои во моментот можеби ги немаме, но за нас е битно нашите продукти да станат дел од ланецот на ЛИДЛ. Мене ќе ми биде задоволство да видам наши домати да се продаваат во ЛИДЛ во Германија, истакнува Битиќи во интервјуто.

Не сака да прецизира рокови, но се надева дека до крајот на годината ќе излезат првите резултати. За да започне со работа, потребно е ЛИДЛ да изгради голем дистрибутивен центар од кој потоа ќе ги снабдува своите маркети во земјава.

Клучни зборови

  • Лидл
  • македонски производи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk