Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Македонски корнер” во Будва – македонски производители претставени на економската конференција на Стопанската комора на Црна Гора

28 окт. 2022 г.·3 мин читање·546 прегледи

Следете не на Viber

Во текот на изминатите два дена, повеќе од дваесет македонски производители од прехранбената индустрија ги претставија своите производи на „Македонскиот корнер“ во рамките на економската конференција во Будва организирана од Стопанската Комора на Црна Гора.

Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите ланци на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници на ХОРЕКА секторот. „Нашата цел е на практичен начин да ја поттикнеме регионалната трговија, посебно за микро, малите и средните компании, кои се соочуваат со бариери во извозот. Работиме со компаниите на нивна подготовка за пласман на црногорскиот пазар, го помагаме воспоставувањето на директен контакт со ланците на супермаркети и им даваме експертска поддршка во процесот на преговори за влез на пазарот.“ – изјави Зоран Мартиновски, претседател на консултантската компанија PrimePoint Partners.

„Голем дел од македонските компании не се фокусирани на црногорскиот пазар, но имајќи го предвид бројот на туристи, сметам дека овој пазар може да биде од огромна важност за македонските производители кои сакаат да ги тестираат своите извозни потенцијали. Нашата компанија е во финална подготовка за влез на црногорскиот пазар, а учеството на овој настан ни овозможи да ги прошириме контактите со нови соработници.“ – истакна Сашко Антовски, сопственик на компанијата Extra Fungi од Кочани.

Маја Милошевска, управител на „Биомелан“ од Струга изрази благодарност за поддршката која нивната компанија ја добива од Програмата за поддршка на извозот и од организацијата на настанот. „Имавме одлична можност за вмрежување и претставување на нашите производи и се надеваме на позитивни резултати за пласман на квалитетни македонски производи на пазарот во Црна Гора“ – истакна Милошевска.

На економската конференција исто така зема учество и претставник од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, која дава целосна поддршка за овој модел на национална презентација за влез на странски пазари. „Македонски корнер“ се организира во рамки на програмата „Поддршка за извоз на македонски производи во Црна Гора“ имплементирана од PrimePoint Partners, во партнерство со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Клучни зборови

  • економска конференција
  • македонски компани
  • Македонски корнер
  • македонски производители
  • Стопанската комора на Црна Гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk