Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Македонските корисници и УНЕТ одбележуваат четвртина век од интернет конекцијата

30 мар. 2020 г.·3 мин читање·605 прегледи

Следете не на Viber

Точно пред 25 год. на 20 Април 1995 година, Унет ја воспостави првата интернет конекција во Македонија во време кога населението не само што во најголем дел немаше воопшто слушнато за интернет мрежата, туку и не поседуваше персонални компјутери.

Во 25те години на развој покрај сите промени, предизвици и можности, УНЕТ и ИТ инфраструктурата на државата рапидно се развиваа, издигнувајќи не како нација во една од технолошки најнапредните во регионот. Денес, преку 80% од населението активно користи интернет, а ИКТ индустријата е регистрирана како еден од најсилните придонесувачи во БДП.

,,Започнавме скромно, ентузијастички, нашите цели пред 25 години првенствено се сведуваа на тоа да го едуцираме населението за тоа што е интернет мрежата, за што се користи, како се користи електронската пошта итн.” – објаснува Анета Пешева, основач на УНЕТ и Претседател на УО на МАСИТ. Денес, Унет е компанија која креира уникатни веб решенија со примена на современи технологии, нуди услуги за хостирање, регистрирање на домени, како и корисничка и техничка поддршка за своите корисници.

Јубилејната четвртина од век постоење, УНЕТ ќе ја посвети на доделување помош на најзасегнатиот сектор од кризата поради пандемијата на COVID-19, – угостителството.

,,Деновиве, кога го одбележуваме нашиот 25 годишен јубилеј се вонредно тешки за сите нас не само како граѓани на оваа држава туку и како стопанственици кои се соочуваме со огромни потешкотии во реализирањето на нашите деловни планови и цели. Нашиот јубилеј ќе го одбележиме на тој начин што во месецот на нашето формирање Април, за еден од најафектираните сектори од оваа криза поради пандемијата на COVID-19, угостителството, одлучивме да доделиме изработка на три (3) веб решенија, целосно бесплатно за три (3) фирми од угостителскиот сектор”.

Со овој гест УНЕТ ги насочува своите ресуси кон ранливите сектори во обид да манифестира единство и сплотеност која е толку потребна во овие предизвикувачки времиња.

Извор: Бизнис Вести

Клучни зборови

  • 25 години
  • веб
  • јубилеј
  • МАСИТ
  • технологија
  • унет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk