Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Македонска берза со нови ценовни ограничувања при тргувањето

16 мар. 2020 г.·2 мин читање·70 прегледи

Следете не на Viber

Во текот на вчерашниот ден тргувањето на Берзата беше прекинато еден час. Од денес ќе се применуваат нови ценовни ограничувања кои ги донесе Одборот на директори на Берзата

Одборот на директори на Македонска берза на седницата одржана на 16.03.2020 година ги анализираше последните пазарни движења и, согласно член 55 став 9 од Правилата за тргување, донесе одлука за промена на ценовните ограничувања при тргувањето (статички и динамички лимити) и тоа:

–    За хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување статичките лимити изнесуваат +/-5% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;

–    За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и имаат статички лимити, истите изнесуваат +/-10% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;

–    За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и немаат статички лимити, истите продолжуваат да се тргуваат без статички лимити, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност.

Овие одлуки на Одборот на директори на Македонска берза ќе се применуваат од  17.03.2020 година.

Одборот на директори и во наредниот период ќе ги следи пазарните состојби на дневно ниво и ќе презема соодветни мерки во рамките на неговите овластувања, за кои јавноста ќе биде навремено известувана.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • Нови ценовни ограничувања
  • Одбор на директори
  • Одлука
  • тргување со акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk