Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Македонска берза ги додели годишните награди за 2021 година

3 јан. 2022 г.·3 мин читање·4236 прегледи

Следете не на Viber

Надградувајќи ја досегашната пракса на наградување на своите членки и котираните друштва, Македонската берза АД Скопје од оваа година започнува со нов концепт на доделување годишни награди во повеќе категории. На овој начин Берзата сака да им даде јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Добитници на првите годишни награди на Македонска берза за 2021 година се:

  1.  Категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“
  • Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје;

Акцијата на Комерцијална банка традиционално е една од најтргуваните на Македонската берза, што се должи пред сѐ на довербата која ја уживаат инвеститорите во акцијата и во работењето на Комерцијална банка, но и на транспарентното, одговорно и успешно работење на Банката.

  • Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонијатурист АД Скопје
  1.  Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“
  • Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е НЛБ Банка АД Скопје
  • Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје
  1. Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“
  • Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонски Телеком АД Скопје
  • Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје
  1.  Категоријата „Членка на годината за 2021 година“
  • Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестмент АД Скопје
  • Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје
  1.  Категорија„Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2021 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е Алкалоид АД Скопје
  2.  Во категоријата „Акција на годината за 2021 година по избор на јавноста“ – добитник е Алкалоид АД Скопје
  3.  Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ – добитник е СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје. Воедно, комисијата за доделување на оваа наградата одлучи да се додели и посебна благодарницана УСАИД Северна Македонија за повеќегодишен придонес во овој домен.

https://www.youtube.com/watch?v=9a8WnYSkESc&feature=emb_title

Наградите за категориите од 1 до 4 се доделуваат согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година. Наградите за категориите под 5 се доделуваат врз основа на добиени гласови на избрани претставници од конкретните професии. Наградата за категоријата 6, Акција на годината по избор на јавноста, се доделува согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“. Наградата за категоријата 7 ја доделува посебна комисија за избор формирана од Берзата.

Клучни зборови

  • годишни награди
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk