Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Македонска берза втора година по ред се приклучува кон иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“

7 окт. 2022 г.·3 мин читање·1275 прегледи

Следете не на Viber

Македонска берза втора година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ (Ring the Bell for Financial Literacy) на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ (World Investor Week – WIW) во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност (International Organization of Securities Commissions – IOSCO).

Oваа година „Светската недела на инвеститорот“ трае од 3-ти до 9-ти октомври и кон истата се приклучија рекордни 79 берзи, на шест континенти. Берзите оваа недела одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, со цел зголемување на свеста за потребата од финансиска едукација, со нагласка на инвестирањето во хартии од вредност.

По овој повод, деканот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, во просториите на Македонска берза симболично го заѕвони берзанското ѕвоно. Во оваа прилика  деканот Трпески изјави: „Финансиската писменост денес е високо на агендите на сите релевантни носители на економски политики. Економскиот факултет Скопје, од своето постоење, а особено во последната декада, индивидуално или во партнерство со националните финансиски институции, континуирано придонесува во подигнување на сите нивоа на писменоста. Дополнителна потврда за тие заложби е и потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, кој опфаќа повеќе полиња на делување, а посебен акцент е ставен на организирање на неколкудневни обуки кои ќе ги покријат областите од: пазарот на капитал, личните финансии, финансиското сметководство, функционирањето на Македонската берза на хартии од вредност и слични теми.”

Воедно, во рамките на иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“ и одбележувањето на „Светската недела на инвеститорот“, Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет. На студентите им беше презентиран македонскиот пазар на хартии од вредност и улогата на сите пазарни институции и учесници. “Една од највпечатливите промени насекаде на берзите во последно време е нагласената генерациска промена во структурата на инвеститорите – тие се се’ помлади, посмели и поактивни без да користат финансиски посредници. Токму затоа нивната финансиска едукација и длабинско познавање на проблематиката е уште поважна од порано и сите општествени чинители треба да направат максимални напори за подобрување на финансиската писменост“ изјави директорот Штериев.

Клучни зборови

  • Да заѕвониме за финансиска писменост
  • Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
  • Иван Штериев
  • Иницијатива
  • Македонска берза
  • проф. д-р Предраг Трпески
  • Светската федерација на берзи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk