Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Лукровски: Мостот на Вардар кој ги поврзува улица Љубљанска со Скупи ќе биде ставен во функција уште во првата година

31 окт. 2025 г.·3 мин читање·196 прегледи

Следете не на Viber

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски гостуваше во „Тема на денот” во централниот Дневник на Сител телевизија.

Тој во интервјуто ги повика граѓаните во недела да излезат масовно на гласање и да ја потврдат победата од првиот круг, кога граѓаните покажаа дека сакаат промени и дека во општина Карпош е дојдено времето да се случат промените.

Лукровски ја побара довербата и на младите и на повозрасните карпошани, потенцирајќи дека во програмата предвидени се проекти за сите генерации.

„Кога се работи за луѓето од третото доба или за пензионерите, нудиме една програма на активно стареење, да ги инволвираме, да направиме една инклузивност во општината, да ги внесеме да бидат општествено одговорни, да бидат редари во раните утрински часови, да можат дечињата безгрижно да ги поминат учениците, да се вклучат во наводнувањето на парковите и така натаму и за тоа се надевам дека ќе успееме да обезбедиме и една материјална поддршка. Ветив и до 12 илјади денари по основ и на договори за пензионерите со кој ќе можат да го подобрат своето живеење. Исто така, медицински екипи со санитетски возила, кој пензионерите ќе ги земаат од дома, ќе ги однесат до одредени прегледи и снимања и ќе ги вратат назад во своите домови”, рече Лукровски.

До делот на градба, додаде дека планира Карпош хумано да се развива и за таа цел, предвидено е да се направи јавно претпријатие Карпош план, кое ќе се занимава со урбанизацијата во општината.

Запрашан дали мостот на реката Вардар кој треба да ги поврзе улицата Љубљанска со Скупи, ќе стане употреблив во скоро време, Лукровски истакна дека со кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски имаа повеќе средби за проекти во ингеренции на Градот, но кои се важни за Карпош, при што се обврзаа уште во првата година овој мост ќе се стави во функција.

„Уште во првата година мостот ќе биде во функција. Ќе се завршат сите технички работи кои треба да се завршат и конечно, мостот ќе ги поврзува Скупи и Љубљанска во Карпош 4 и ќе го олесни цел проток на возила што ќе биде заедно со клучката кај Момин поток, која исто така ветивме дека ќе биде готова во првата година. И сето ова ќе значи големо олеснување за движењето на возилата и сообраќајот во Карпош”, рече Лукровски.

Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk