Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Лукровски: Време е за промени и нов концепт за Карпош, да ставиме крај на криминалот и личните интереси на Стевчо Јакимовски

31 окт. 2025 г.·2 мин читање·180 прегледи

Следете не на Viber

Во „Тема на денот” на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски кој истакна дека во вториот круг гласање граѓаните треба да се одлучат дали ќе застанат зад човек кој носи визија за општина Карпош и нови промени или зад профил на личност како актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД и зад кој стојат бројни неуспеси и криминали.

„Ако пробам да се сетам господинот Јакимовски во која се  партија бил и од кого се бил низ годините поддржан, иницијативи, итн, јас ова не го гледам како судир на опозицијата и власта во Карпош, јас пред се би рекол дека во Карпош се работи за едно референдумско гласање каде што граѓаните треба да се решат помеѓу два фронта, оние кои се обединуваат околу мене, значи луѓе кои носат нова визија, носат нов концепт, нешто ново, 65% од граѓаните во Карпош сметаат дека е време за промени и од друга страна не опозициски, него имаме еден блок кој треба да застане позади човек кој пред се е на црната листа на САД и е со првостепена осуда за криминал”, вели Лукровски.

Лукровски во емисијата посочи дека Стевчо Јакимовски во текот на својот мандат стекнувал имот во општината и влијаел врз урбанистичките решенија за лична корист и додаде дека со  резултатите од првиот круг, жителите на општина Карпош веќе испратиле јасна порака за промени и нов концепт.

„Значи луѓето треба да проценат дали ќе застанат зад старите практики на распродавање на нашата општина од лични интереси, деновиве излегоа неколку информации како досегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски се стекнувал со имот низ нашата општина, некому бришел маркици за да си ги додели себе и на семејството и сметам дека воопшто не се работи за борба меѓу власта и опозицијата туку за борба меѓу црното и белото, за доброто и лошото, за нешто што треба да е мината практика, тоа и го порачаа граѓаните во првиот круг и еден нов концепт и една нова визија за подобар Карпош’, рече Лукровски.

Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk