Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

КХВ одобри Синцеритас АД Скопје да издаде втора емисија на акција за познати купувачи

18 окт. 2021 г.·2 мин читање·16522 прегледи

Следете не на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 124 тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити на Синцеритас АД Скопје му даде дозвола да ја издаде втората емисија на акции за познати купувачи.

Со втората емисија на акции, Синцеритас АД Скопје ќе издаде 190.500 обични акции со номинална вредност од 1 евро и продажна вредност од 11 евра по акција, односно номиналната вредност на сите новоиздадени акции изнесува 190.500 евра, додека вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 2.095.500 евра.

Новоиздадените хартии од вредност ќе бидат запишани и уплатени од страна на 6 познати купувачи –странски физички и правни лица. Синцеритас АД Скопје издава нови акции заради прибирање на парични средства и создавање услови за непречено функционирање на Друштвото.

На седницата што се одржа денеска на 15 октомври, 2021 КХВ даде согласност на Одлуката за измени и дополнувањата на Статутот на  друштвото за управување Иново Статус АД Скопје со кои се врши менување во неколку членови од Статутот и тоа во најголем дел заради негово усогласување со измените на Законот за инвестициски фондови,  усогласување на податоците во Статутот со Законот за трговски друштва, како и заради постапување по Решението на КХВ од 23.07.2021 година за утврдена неправилност во работењето на друштвото.

Исто така, КХВ даде согласност на Статутот и на Проспектот на отворениот инвестициски фонд Иново Статус Акции во кои се имплементирани забелешките кои беа констатирани при спроведената редовна контрола на работењето на ДУИФ Иново Статус АД Скопје од страна на Комисијата.

Комисијата го разгледа и усвои Предлог Правилникот за начинот и постапката за избор на субдепозитарна банка, односно специјализирана депозитарна институција  и истиот го стави на јавна расправа. Со овој правилник се врши усогласување со Делегирана уредба на Европската комисија 2016/438 за дополнување на Директивата 2009/65/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот во делот на депозитарната банка.

По завршена јавна расправа, КХВ го усвои  Правилникот за сопствените средства на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови.

Клучни зборови

  • акции
  • КХВ
  • Синцеритас АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk