Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

КСС закажа протест на 15 април

9 апр. 2021 г.·2 мин читање·1469 прегледи

Следете не на Viber

Tрошоците за живот во Македонија растат!

И додека синдикатите и државата не можат да се договорат за минималецот, на едно семејство со 4 члена не му стигнува ни просечната плата за да ги покрие сите трошоци. Последните пресметки на ССМ покажуваат дека само за основни трошоци во март биле потребни 33.722 денари или 122 денари повеќе од јануари. Дури 42 отсто семејствата издвојуваат за храна и пијалоци.

„Македонскиот работник е осиромашен, не може да ги преживее оваа здравствена и економска криза. На оние што се заболени им се одбива од плата за боледување, на оние што се во изолација им се одбива. Официјално 50-60 илјади работници го изгубија работното место, неофицијално има уште 30-40 илјади што го изгубија работното место. Знаеме еве со уредбите уште колку работници во угостителството и туризмот ќе останат без работа.“ изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Со законското усогласување во март минималната плата се покачи за 200 денари. Сега изнесува 15.194 денари. Синдикатите бараа минималецот да биде 60 отсто од просечната плата или 16.000 денари.

Поради таа причина, на 15 ти април КСС излегува на предупредувачки протест. Симболичното покачување на минималната плата, секојдневните отпуштања на работници и притисокот врз синдикалните организации ги принудија синдикатите правата да  бараат на улица. Бараат праведно покачување на минималецот и почитување на сите закони од страна на надлежните.

Клучни зборови

  • Благоја Ралповски
  • Македонски работник
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk