Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Кредит на ЕБОР во износ од €2 милиони за ПроКредит Банка во Македонија

7 сеп. 2021 г.·3 мин читање·1566 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит од €2 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на домаќинствата за инвестиции во енергетска ефикасност. Кредитната линија е дел од програмата Финансиска програма за зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF) .

Средствата ќе бидат достапни на физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, пумпи за загревање, соларни панели, итн. Инвестициите ќе придонесат во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради, помагајќи да се намали емисијата на гасовите кои креираат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живот на сопствениците на домаќинствата. Откако мерките ќе бидат успешно применети, кредитобарателите ќе можат да добијат грант до 20 отсто од вредноста на кредитот, што претставува поддршка финансирана од Европската Унија (ЕУ) .

Финансирањето во износ од €135 милиони е обезбедено преку ГЕФФ Програмата за Западен Балкан, која е кофинансирана од ЕУ, Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ) и Австриското федерално Министерство за финансии, и е дел од Регионалната програма за енергетска ефикаснсот (РПЕЕ) за Западен Балкан. Целта на програмата е да се поддржи регионот, познат по високиот енергетски интензитет, да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата, кои се едни од најголемите потрошувачи на енергија.

Јурген Ригтеринк, Првиот Подпретседател на ЕБОР и Главен на Групацијата за услуги кон клиенти изјави: ,,Среќни сме што ја продлабочуваме соработката со нашиот партнер ПроКредит Банка Македонија, со потпишување на уште еден договор од ГЕФФ програмата. Присаството на овој производ на пазарот го зголеми интересот на локалните домаќинства за важноста на инвестициите од енергетска ефикасност за нивните домови. Средствата од оваа нова кредитна линија ќе бидат достапни до уште повеќе домаќинства, намалувајќи ја нивната потрошувачка на енергија и придонесувајќи кон подобар квалитет на воздух во нивните домаќинства.”

Стефен Худолин, Раководител на Одделот за соработка, од Делегацијата на Европска Унија во Македонија изјави: ,,Заштедата на енергија денес, е заштеда за нашата иднина. Заради тоа користиме практични начини, достапни за граѓаните, за да ја имплементираме Зелената агенда и да обезбедиме финансиска поддршка на станбениот сектор. Ова ќе разреши дел од финансиските бариери за подобрување на енергетската ефикасност.”

Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка Македонија изјави:„Влијанието кое ние како компанија, заедно со нашите клиенти би можеле да го имаме на човековата околина е од големо значење. ПроКредит Банка Македонија веќе има пласирано €2 милиони, преку 172 кредита од ГЕФФ програмата, целосно наменети за домаќинствата. Над 65% од нив, беа наменети за инвестиции во енергетски ефикасни системи за греење и ладење, додека остатокот од средствата беа искористени за подобрување на топлинската изолација на домовите. Сигурни сме дека и новата кредитната линија од € 2 милиони од ЕБОР, за инвестиции во енергетска ефикасност, која нуди грант до 20%, ќе биде успешно пласирана и ќе вклучи повеќе домаќинства во подобрување на енергетската ефикаснот и почиста животната средина.”

До денес, околу 9.000 домаќинства на Западен Балкан ја подобрија сопствената енергетска ефикасност преку ГЕФФ програмата, преку инвестиции во проекти кои придонесуваат во намалување на над 10.000 тони јаглероден диоксид годишно, што е еднакво на отстранување на 6.000 автомобили на патиштата.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над €2,14 милијарди преку 148 проекти во земјата. Поддршка на зелена енергија е приоритет за Банката, бидејќи преку тоа се решава еден од најголемите предизвици во земјата.

Клучни зборови

  • ГЕФФ
  • Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)
  • енергетска ефикасност
  • инвестиции
  • Јурген Ригтеринк
  • ПроКредит банка
  • ПроКредит Банка Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk