Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Креативноста како поттикнувач на успехот

17 апр. 2020 г.·3 мин читање·363 прегледи

Следете не на Viber

За да успеете да дојдете до голема идеја, без разлика далис танува збор за нов производ или услуга, процес или пак бизнис модел, многу важна карактеристика која треба да ја поседувате е креативноста.

Јасно е дека во голем дел од компании, пазари или пак индустрии постои еден вид на стандардизирана форма кога станува збор за производи или услуги, процеси или пак бизнис модел, сепак и тоа малку што може поинаку да се направи претставува одлична можност за обезбедување на конкурентска предност.

Понекогаш немате можност за иновација на нови производи или услуги, но онаа што од практиката го знам со сигурност е дека секогаш ќе имате голем простор за иновација во процеси или пак сосема нов бизнис модел иако производот или услугата се стандардизирани.

Затоа кога вашиот бизнис се наоѓа во една таква ситуација, со ограничен простор за иновативност во произвводи или услуги, вашата креативност треба да биде насочена во останатите можности како што се беспрекорна услуга, соодветен дизајн на бизнис моделот, работно време, дополнителна услуга, навременост на испорака, квалитет, брзина, можност за поголем избор… Навистина постојат неограничен број на можности што ви стојат на располагање за да се диференцирате. Сепак, доколку креативноста не е на посакуваното ниво, вашата компанија едноставно ќе остане на исто ниво со останатите учесници на пазарот.

Како да ја зголемите креативноста? Ќе наведам некои препораки кои не влегуваат во оние вообичаените но кои може да ви помогнат во овој процес:

  1. Започнете од себеси и запрашајте се што вие би сакале најмногу кога купувате производи кои вашата малопродажна продавница ги нуди.
  2. Истото прашање поставете го и на вашите роднини и пријатели, поставете го прашањето на социјалните медиуми каде веројатно имате веќе една поширока заедница.
  3. Излезете да прошетате и разгледајте што се случува кај вашите конкуренти. Запрашајте се зошто некој купува кај нив, што е онаа што ги привлекува и што е онаа што ги оддржува да бидат нивни купувачи.
  4. Но, не се ограничувајте само на вашата индустрија. Доколку сакате да бидете лидер, не е доволно само да откриете што нуди конкуренцијата и тоа да го правите на подобар начин. Ќе мора да внесете иновации кои воопшто не постојат во вашата индустрија, а креативноста за таквите иновации лесно може да дојде доколку проучите и бизниси кои се надвор од вашата индустрија.

Клучни зборови

  • бизнис модел
  • карактеристики
  • креативност
  • личен развој
  • претприемачи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk