Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Кој е македонецот Горан Јандреоски што ќе раководи со аеродромот во Црна Гора

12 јун. 2021 г.·3 мин читање·4121 прегледи

Следете не на Viber

На местото директор на аеродромот се пријавија 14 кандидати.

Но, Горан Јандреоски, кандидат од Македонија, е избран за нов к на Аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството.

„Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата богата професионална биографија“, се вели во соопштението на компанијата.

Јандреоски беше директор на Управата за цивилно воздухопловство во Македонија, како и на високи раководни позиции на аеродромот во Скопје.

– Тој има завршено електроинженерство, дипломиран менаџмент на цивилно воздухопловство од Сингапур, како и диплома за авијација „MBA Аviation graduate“ на Универзитетот во Дунав Кремс. За време на интервјуто, тој како приоритети на неговиот ангажман ги спомена аеродромската сертификација, оптимизацијата на трошоците на компанијата и техничкото подобрување на двата аеродрома – наведува АЦГ.

Според информациите, пак, што може да се најдат на интернет страницата на нашата  Агенцијата за цивилно воздухоплоство на Македонија тој дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии., со магистерскиот труд
насловен како: “Мерни инструменти во опремата за мерење коефициент на триење на полетно слетна патека.

Јандреоски, МБА, со одлука на Управниот одбор на АЦВ, На 09.01.2015 година бил именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Г-дин Јандреоски за прв човек на АЦВ, доаѓа од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010-тата година.

Јандреоски од февруари до 12 декември 2014 година, како искусен лидер во својата област, бил назначен да работи на  проектот за Загребскиот интеренационален аеродром, во делот на имплементацијата на  аеродромскиот систем за светлосна сигнализација на полетно-слетна патека, проценка управувана од АДПМ и ТАВ за МЗЛЗ.

Во неговото професионално портфолио, има набележано серија на работни обврски кои ги обавувал на аеродромите во Скопје и Охрид, во делот на одржување на аеродромската инфраструктура, терминалните и административните згради на двете македонски воздушни пристаништа, хангарите, специјалната опрема, електричните кола, системите за ладење и имплементација на стандардите за еколошки одржлива животната средина.

Низ својата долгогодишна професионална кариера, Јандреоски, се стекнал и со низа на меѓународни сертификати во повеќе свери од професионалното работење.Како што се, Сертификатот издаден од ТАВ Академијата за Услуга фокусирана кон клиентите, Diversity Management Crash Course – Certificate издадено од Term-Net- Интернационалната мрежа за терминологија пронаоѓач на European Diversity Management, Виена Австрија, Сертификатите ISO 9001:2008/ ISO 14001:2004/ ISO 10002:2004 издадено од Management System Solutions, Истанбул-Турција и за систем за управување со безбедноста (SMS) на аеродроми, издаден од AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан во Тулуз Франција. Поседува и Сертификат за инспектор за национална безбедност на Аеродроми, издаден од AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан, Вилепинте, Франција, а го посетил и тренинг курсот за управување и оддржување на возилото тестер за коефициент на триење на писти.

Од 2007 година до 2010 година, бил вработен во Јавното претпријатие за аеродромски услуги. Од 1995 до 1997 година, пак, професионално бил ангажиран како инжинер за информатика, во компанијата за дистрибуција на нафтени деривати “Макпетрол” во Скопје.

Професионален ангажман Јандреоски бележи и во компанијата ГАМА, во  Одделот за гасификација, бил активен учесник во преговорите со ЕБРД и консултант за гасификација на Р.М, а партиципирал и во изградбата на главниот цевковод.

Клучни зборови

  • Аеродром Црна Гора
  • Горан Јандреоски
  • извршен директор
  • црна гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk