Кој документ ви е потребен за да добивате дивиденда од Американски акции?
Borjan1 мин читање
Денес постојат повеќе онлајн платформи за тргување со акции. Без разлика на која платформа ќе се одлучите да инвестирате, потребно да пополните еден образец кој се вика W-8BEN. Тоа е легален документ кој го издава управата за јавни приходи во Америка, со цел да може да ви биде одреден статус за плаќање данок. W-8BEN е наменет само за физички лица кои не живеат во Америка. Еве како изгледа овој образец:

Бидејки Управата за јавни приходи им дозволува на лица кои не живеат во Америка да тргуваат со акции на американската берза, таа исто така бара 15% од дивидендата која инвеститорите ќе ја заработат.
Доколку сакате да тргувате со акции како компанија која не се наоѓа во Америка, тогаш ќе биде потребно да го пополните образецот наречен W-8BEN-e.