Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Која држава ќе го оданочува бакшишот?

4 окт. 2021 г.·2 мин читање·3070 прегледи

Следете не на Viber

Италијанскиот врховен суд одлучи дека и бакшишот треба да се оданочува, бидејќи станува збор за приход од работен однос и затоа подлежи на оданочување, пишува Јутарњи лист.
Врховниот суд на Италија ја прифати жалбата на Агенцијата за приходи против вработена во луксузен хотел на Сардинија, која заработила околу 84 илјади евра бакшиш за една година.

При одлучувањето, судот се потпрел на постојниот член 51 од Законот за консолидиран данок на доход, со кој се воведе поимот сеопфатен приход на вработените, така што приходите повеќе не се ограничуваат на платата што ја обезбедува работодавачот.

Накратко, според сегашната дефиниција за приход од работа, оваа ставка ги вклучува сите суми и вредности воопшто, примени од која било причина, дури и во форма на донации, доколку се поврзани со работниот однос.

Меѓу угостителите завладеа паника. Тие им даваат на келнерите минимална плата, па дури и минимална саатница, сметајќи дека преку бакшиш ќе дојдат до некој прифатлив приход.

Како и да е, пандемијата предизвика да има недостаток на келнери. Угостителите стравуваат дека ќе биде уште потешко да ги најдат, или дека келнерите ќе инсистираат на пристојни плати, на кои работодавачите плаќаат повеќе даноци и придонеси. Угостителите тврдат дека државата, на крајот, ќе добие помалку, а не повеќе, пишува Јутарњи лист.

Извор: Независен.мк

Клучни зборови

  • бакшиш
  • данок
  • Италија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk