Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Конкурс за целосна стипендија за додипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје

8 јун. 2022 г.·2 мин читање·4545 прегледи

Следете не на Viber

Водејќи се од тоа дека секој млад човек заслужува еднакви шанси за образование и постојаните заложби на компанијата за инвестиции во човечки капитал, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, објавува повик за доделување на целосна стипендија за додипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациски науки (акредитирано од ACBSP) во рамките на УАКС.

Конкурсот за стипендијата која се однесува за академската 2022/2023 година е отворен за сите редовни ученици од четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија со положена државна матура (доказот за државна матура и сведителството од четврта година ќе се достават откако ќе бидат добиени од страна на средното училиште и државниот орган).

Потребни документи:

  • Потврди за приходи
    • За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварени приходи за последниот месец пред аплицирањето на овој конкурс или потврда за последната исплатена плата (за пензионираните – испратница од пензија).
    • За невработените членови на семејството да се достават потврди од АВРСМ дека се невработени и примаат/не примаат паричен надоместок, со наведување на износот на паричниот надоместок, доколку примаат.
    • За учениците да се достават потврди од училиште.
  • Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со податоците внесени во пријавата;
  • Доказ за успех од средното училиште – свидетелства од прва до трета година
  • Мотивационо писмо

Критериуми и начин на бодување:

  • Просечен успех – максимум 20 бодови
  • Мотивациско писмо – максимум 10 бодови
  • Тестирање – максимум 40 бодови
  • Финансиски услови – максимум 10 бодови
  • Интервју – маскимум 20 бодови

Сите документи треба да се достават најдоцна до 30.06.2022 г. на следната е-маил адреса: marketing@iutecredit.mk, а добитникот на стипендијата ќе биде објавен на веб страната на ИутеКредит Македонија.

Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани ученици да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.

ПР Објава

Клучни зборови

  • IuteCredit
  • ИутеКредит Македонија
  • степендии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk