Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Компанија од Македонија помеѓу најбрзорастечките технолошки компании во Централна Европа

28 ное. 2022 г.·3 мин читање·629 прегледи

Следете не на Viber

Македонската компанија Hoyo Tech, која се занимава со изработка на софтверски решенија го зазеде 21 место на овогодинешната ранг листа за најбрзорастечки технолошки компании во Централна Европа во категоријата Компании во подем остварувајќи тригодишен раст на приходите од 304%, објави консултантско- ревизорската компанија Deloitte.

Факти и податоци за резултатите од програмата Deloitte CE Technology Fast 50

 Во овогодинешната листа за Најбрзорастечки 50 Полска имаше најголем број учесници – 17 фирми, следна беше Чешка со 13. Во листата застапени беа уште седум земји: Хрватска (8), Словачка (4), Унгарија (3), Бугарија (2) и по 1 учесник од Литванија, Романија и Србија.

Софтверските компании и понатаму доминираат во ранг листата со 33 учесници, а по нив следуваат fintech фирмите (6), хардверските компании (5), фирмите од областа на медиумите и забавата (4) и фирмите од областа на здравството и науките за животот (2). И покрај доминацијата на софтверските компании, ниту една од нив не зазеде едно од првите три места. Fintech компаниите го освоија првото (FTMO) и второто (PayPo), а третото место го освои фирма од областа на здравството (Multiplex DX).

Веќе втора година по ред, победник во натпреварувањето за Најбрзорастечки 50 технолошки компании во Централна Европа е фирмата FTMO од Чешка. FTMO создаде и води единствена платформа за едукација на трговците на финансиските пазари, која ги учи на соодветни техники за управување со ризик и ги мотивира да бидат дисциплинирани во нивниот бизнис. Откако буквално го измисли секторот во 2015 година, компанијата FTMO денес има околу 60 конкуренти но и покрај тоа останува неприкосновен лидер на пазарот. Целта на компанијата е да ја прошири својата понуда преку создавање на голема технолошка холдинг компанија овозможувајќи им на клиентите да инвестираат во различни средства.

На врвот на листата на Компании во подем за оние кои се премлади да учествуваат во програмата Најбрзорастечки 50 е DIANA Biotechnologies. DIANA (акроним за DNA-linked Inhibitor ANtibody Assay), водечка иновативна биотехнолошка компанија од Чешка која развива производи базирани на најсовремени истражувања во областа како што се молекуларна дијагностика и откривање нови лекови. За време на пандемијата, разви еден од најиновативните тестови во светот за КОВИД-19 и стана најголемиот чешки производител на PSR тестови. Денес, со близу 100 вработени, има капацитет и амбиција да реализира долгорочни проекти на глобално ниво.

На прво место во новата категорија Централно-европска технолошка ракета! е компанијата Autenti од Полска. Autenti создаде и пласираше решение кое му овозможува на секој претприемач да потпишува правно обврзувачки документи онлајн – безбедно, со само еден клик, 24 часа на ден, секој ден во неделата, од дома, на работа или во движење. Оваа платформа уникатно комбинира електронски потпис и иновативна технологија во правна рамка заснована на европските и националните регулативи. Денес, бидејќи компанијата е подготвена да го забрза своето меѓународно проширување, платформата Autenti веќе овозможи електронски потписи на повеќе од 4,5 милиони документи.

Повеќе за програмата можете да преземете од линкот:

Technology Fast 50 2022 (deloitte.com).

Клучни зборови

  • Deloitte CE
  • Hoyo Tech
  • најбрзорастечки технолошки компании во Централна Европа
  • софтверски решенија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk