Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Комерцијална банка со 13,4 милиони евра ќе го финансира ветерниот парк „Богословец“

30 јун. 2021 г.·2 мин читање·2153 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка АД Скопје со 13,4 милиони eвра ќе ја финансира изградбата на првата приватна ветерна централа „Богословец“. Со оглед на значењето на овој проект за постигнување одржливо производство на енергија во земјава и за заштита на животната средина, обезбедено е финансирање од повеќе домашни и меѓународни институции, при што Комерцијална банка обезбеди најголема финансиска поддршка меѓу домашните банки.

Синдицираниот кредит во вредност од 51 милион евра, чиј главен носител е Erste Group Bank AG, е наменет за финансирање на изградбата на ветерниот парк со моќност од 36 мегавати во близина на селото Богословец. Носител на инвестицијата е македонската компанија за енергетски проекти БНБ компани ДОО преку заедничка компанија со Инвестицискиот фонд за зелен раст – ГГФ (Green for Growth Fund – GGF), основан во 2009 година од Германската банка за развој КфВ (KfW Development Bank) и од Европската инвестициска банка.

„Богословец“ се очекува да почне да произведува електрична енергија кон средината на 2023 година, со што ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјава. Оваа централа ќе се спречи емисија на над 80.000 тони CO2 годишно и ќе даде огромен придонес во постигнување на целите од Акцискиот план за обновлива енергија на Северна Македонија, кои предвидуваат уделот на обновливата енергија во вкупното производството на електрична енергија до 2024 година да достигне 50%.

За Комерцијална банка претставува привилегија да учествува во финансирањето на првата приватна инвестиција за изградба на ветерна централа во земјава. Зелената енергија и обезбедувањето здрава животна средина се обврска на сите субјекти посебно, но и заедничка мисија за постигнување поголеми цели. Комерцијална банка во континуитет обезбедува финансиска поддршка за „зелени“ проекти, а и во своето работење имплементира низа практики и процеси кои спречуваат загадување на околината.

Клучни зборови

  • Богословец
  • ветерна централа
  • Комерцијална банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk