Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка го исплати првиот грант од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП (WeB-SME-CSP) во соработка со ЕБРД И ЕУ

23 дек. 2019 г.·2 мин читање·55 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) на 19.12.2019 година ја исплати првата стимулација (грант) од Програмата за унапредување на конкурентноста кај малите и средните претпријатија.

По само 11 месеци од склучениот договор помеѓу Комерцијална банка АД Скопје и ЕБРД за учество во Програмата за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите исплатена е првата стимулација во висина од 52.350 евра. Грантот е наменет за успешно имплементираниот инвестициски проект за набавка на машина за дување и на алатка/калапи за ПЕТ-преформација. Новонабавените машина и алатка го намалуваат создавањето отпад, а здравствените и безбедносните услови на работното место се подобруваат бидејќи процесот сега е целосно автоматизиран, со што се елиминира ризикот од повреди, особено заради значителното намалување на бучавата. Со оваа инвестиција компанијата усогласи широк спектар на стандарди со ЕУ-Директивите кои се однесуваат на безбедноста на храната, отпадот и на здравјето и безбедноста.

Во моментов, искористеноста на Програмата во Комерцијална банка АД Скопје е 70%. Целта на Програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување на техничките стандарди со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, квалитетот и безбедноста при работа. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамките на оваа Програма се финансирани со средства од Европската Унија.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • ИПА
  • Комерцијална банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk