Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Колку долго коронавирусот живее на површини во вашиот дом или деловен простор

1 апр. 2020 г.·4 мин читање·131 прегледи

Следете не на Viber

Коронавирусот може да живее со часови, па и денови на места како што е работна површина во кујната и кваките на вратите. Колку подолго ќе преживее зависи од материјалот од кој е направена површината.

Коронавирусот, во речиси сите случаи се пренесува дирекно од човек на човек. Кога некој е заразен, кашла или кива, исфрла капки во воздухот кои го содржат вирусот. Здрава личност може да ги вдиши тие капки. Исто така, вирусот се пренесува доколку допрете површина или предмет што го има вирусот на себе, и потоа ги допрете устата, носот или очите.

Колку долго коронавирусите, семејството на вируси што го вклучува и КОВИД 19, може да живеат на некои од површините што секојдневно ги допирате. Имајте на ум дека истражувачите се уште треба многу да истражуваат за новиот COVID-19.

На пример, тие не знаат дали изложеноста на тоpплина, студ или сончева светлина влијае врз тоа колку долго вирусот живее на површините.

Метал – 5 дена

Примери: кваки, накит, сребрен прибор за јадење

 

Дрво – 4 дена

Пример: Мебел

Пластика – 2 до 3 дена

Примери: амбалажа за млеко и шишиња, ранци, ташни, копчиња на лифт, место за седење и потпирање во автобус.

 

Челик што не рѓосува – 2 до 3 дена

Примери: Фрижидер, садови и тави, мијалник, термос за вода.

Картон – 24 часа

Пример: Кутии за испорака.

Бакар – 4 часа

Пример: прибор за горвење, мали парички (пени)

Алуминиум – 2 до 8 часа

Пример: лименки, алуминиумска фолија

Стакло – до 5 дена

Пример: чаша за пиење вода, чаша за мерење, огледало, прозорец

Керамика – 5 дена

Пример: садови, шољи

Хартија

Должината на времето варира. Некои видови на коронавирус живеат само неколку минути на хартија, другите живеат до 5 дена.

Храна

Коронавирусот се чини дека не се шири преку изложеност на храна. Сепак добра е идејата да ги миете овошјето и зеленчукот под проточна вода пред да ги јадете.

Вода

Коронавирусот не е пронајден во водата за пиење. Ако влезе во водоснабдувањето, водоснабдувачот ќе ја филтрира или дизинфицира водата, и со таа постапка би требало да убие било какви микроби.

Препораки кои треба да ги примените

За намалување на ризикот од заразување и пренесување на коронавирусот чистете ги и дезинфицирајте ги сите површини и предмети во вашиот дом и канцеларија секој ден. Тоа би вклучувало:

  • Работна површина во кујната
  • Маси
  • Кваки
  • Телефон
  • Тастатури
  • Далечински управувачи

Доколку површините се валкани, најпрво исчистете ги. Користете средство за чистење за домаќинство, дезинфицирајте.

Одржувајте го површините чисти, дури и ако сите во вашиот дом или деловен простор се здрави. Луѓето кои се заразени, можеби немаат симптоми, но сепат тие можат да го шират вирусот на површините.

Доколку сте посетиле аптека или супермаркет, сте донеле храна од надвор, мијте ги рацете најмалку 20 секунди со сапун и топла вода. Се препорачува да постапите исто, доколку купите или подигнете доставен весник.

Клучни зборови

  • дом и деловен простор
  • коронавирус
  • Превентивни мерки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk