Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Колку влијаат телевизиите за време на изборната кампања?

27 окт. 2021 г.·3 мин читање·2828 прегледи

Следете не на Viber

Нилсен ТВ АдИнтел услугата на Косово, која започна на почетокот на оваа година, ги опфати и промотивните активности на политичките партии, државните институции и останатите организации на најзначајните ТВ станици во земјата, поврзани со одржувањето на локалните избори на 17 октомври 2021 година.

Покрај класичните рекламни кампањи, учесниците на изборите за своја промоција користеа и платени политички програми. Беа емитувани вкупно 21:57:19 часа (речиси еден ден) реклами и 38:45:00 часа (еден и пол ден) платени политички програми.

Интензитетот со кој се рекламираа, како и составот на телевизиите избрани од политичките партии е многу различен.

ТВ РЕКЛАМИ

Политички партии по ТВ станица – вкупно времетраење на ТВ рекламите

Значително поголем број емитувани ТВ реклами има ПДК, додека вкупното времетраење на овие ТВ реклами е поголемо од сите други политички партии заедно.

Платени политички емисии

Удел на вкупен број на емитувани платени политички емисии по партии

Во однос на емитуваните платени политички емисии кои во просек траеле околу 21 минута, покрај ПДК, значителна активност забележала и ЛДК.

Улогата на Централна Изборна Комисија – KQZ

Удел на вкупно време на емитувани ТВ реклами на ЦИК (KQZ)

Најголем товар на одговорност за успехот на изборниот процес имаше ЦИК, а не е чудно што е и најголемиот ТВ огласувач во категоријата политичко рекламирање во периодот од 15.09-15.10.2021 година. Главните пораки и содржина што сакаа да им ги пренесат на граѓаните со својата кампања се:

– Како да гласате: Како правилно да го пополните гласачкото ливче и како да се однесувате на гласачкото место

– Правила за Ковид19: Како да се однесуваме во време на Ковид-19 и да ги почитуваме епидемиолошките мерки

– Предвремени гласачи: Посебен акцент е ставен на начинот на гласање на лицата со посебни потреби.

Презентираните податоци се само мал дел од комплетната достапна база на податоци. За повеќе информации обратете се кај нашиот официјален претставник за продажба лоциран во Приштина, Косово – Пикаса, ул. Антон Чета бр.23, Приштина, Косово претставен од Норик Селими – norik@pikasa.ai или Маја Мартиноски maja.martinoski@nielsen.com или посетете ја нашата веб-страница www.nielsen.com

Клучни зборови

  • изборна кампања
  • косово
  • Нилсен
  • Нилсен ТВ АдИнтел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk