Во моментот има 34 важечки лиценци за снабдување со електрична енергија, кои се издадени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од нив, една се однесува на ЕВН Хоме за вршење на универзалната услуга за снабдување со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи и снабдување во краен случај за големи потрошувачи, додека останатите се однесуваат за снабдување на слободниот пазар.
Од нив во текот на 2021 година активни биле 15, при што двајца снабдувачи имаат по еден голем потрошувач, додека 13 снабдувачи биле активни на пазарот на мало со електрична енергија.
Тоа се: ЕВН Снабдување, ЕДС, У ПОВЕР, ЕНЕРГИА ГАС ЕНД ПАУЕР, ЕНЕРЏИ АКТИВЕ, СОЛАРПРО ХОЛДИНГ, ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ, МИСТ ЕНЕРЏИ, ЕЛНОР, ВАНГАРД, ЕСМ ПРОДАЖБА, ЕНЕРЏИ ОН и ОКТА.
Запрепастувачки, дури за половина од нив се водат постапки поради непочитување на обврските од лиценцата за тргување со струја.
РКЕ води постапки во различни фази кај следниве снабдувачи: Солар про, Мист енерџи, Вангард, Енерџи Активе, Елнор, У Повер и Енергија гас анд пауер.
– За сите наведени снабдувачи има одлуки за преземање на мерки за усогласување на работењето, додека за Мист енерџи има одлука за започну…