Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Кирил Лазаров : Веднаш да престане експлоатацијата на лозарите и нивниот труд

19 апр. 2022 г.·2 мин читање·3225 прегледи

Следете не на Viber

Без искрен, совесен и патриотски пристап го уништуваме нашиот највреден ресурс, лозарството. Експлоатирана е работната рака и маката на лозарите. Без задоволни лозари нема лозарство, а без лозарство нема вино. Лозарството заедно со производството на вино создаваат околу 15% – 20% од вкупниот земјоделски БДП, и претставува еден од нашите најголеми стратешки земјоделски производи.

Потребна е реална и искрена помош од надлежните.

Драстично поскапеа струјата, нафтата, работната рака, увозните суровини.

Недозволиво е цената за откуп да биде под 20 денари за килограм смедеревка и под 25 денари за килограм вранец. Се што е под оваа цена е потценување и девалвирање на работната рака и маката на лозарите. Своевремено лозарите со својот труд си градеа куќи, а денес едвај врзуваат крај со крај.

Да се напушти концептот што голем дел од винариите го наметнуваат, а тоа е откуп по ниски цени, извозно ориентирани, со производ без додадена вредност, базиран на ефтина работна сила на грбот на лозарите или кратко,  профит на туѓа мака. Не бива така, доста е.

Така нема и не може да има квалитет и задоволство кај сите.

Во винската индустрија ни треба висок квалитет, суровина, почитувана работна рака и производ со висока додадена вредност.

И,  до кога лицимерие од одредени транзициски профитери кои се сега сопственици на винарии?

Најпрво ги купија големите винарници за да ги затворат. Денес се жалат дека немаат профит и имаат потешкотии, а во исто време купуваат скапи недвижности по Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, итн.

Истите тие користат ИПАРД фондови за подигнување на нови лозови насади, толчејќи го обичниот лозар со ниски цени, а додека на лозарите не им се достапни ИПАРД фондови.

Не е фер!!

Решение секогаш постои доколку се сака.

За почеток, еве една иновативна препорака до надлежните, и тоа функционира во многу светски земји и светски индустрии. Задолжителен сертификат дека грозјето како производ  е платено по фер цена.

Фер откуп, фер плата за маката и работната рака и фер квалитет.

Линк до Facebook објавата : https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=116252417708514&id=101100702557019

 

Клучни зборови

  • Кирил Лазаров
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk