Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

КБ Прво со донација во детската градинка Гоце Делчев во Прилеп

23 дек. 2022 г.·2 мин читање·1339 прегледи

Следете не на Viber

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 22.12.2022 година (четврток), реализираше уште еден успешен настан од доменот на општествена одговорност.

На иницијатива на Амбасадата на Република Словенија, друштвото донираше креветчиња, душеци и постелнини кои беа неопходни за подобрување на условите во бебешкиот оддел „јасли“ во градинката Гоце Делчев – Прилеп која е клон на Јавната општинска установа за деца Детска градинка Наша Иднина Прилеп.

Со оваа активност Друштвото уште еднаш ја потврди својата заложба и грижа за заедницата. Во 2023 година одбележуваме 18 години постоење на пазарот за пензиско осигурување и нашето Друштво е едно од првите учесници во реформираниот пензиски ситем,  чија сопственичка структура е составена од Прва Завораволински Холдинг ДД Љубљана и Комерцијална Банка АД Скопје. Од 2021 година фокусирани сме и на одговорно инвестирање или ESG инвестирање, и ги насочивме своите активности да се реализираат на начин кој ќе биде од корист за заедницата во која функционираме. Одговорното инвестирање, познато и како ESG, опфаќа грижа за животната околина, општеството и корпоративното управување на компаниите. Вредно е да споменеме дека годинава се закитивме со награда за Најдобра пасивна инвестициска стратегија за 2022 година, доделена во Ротердам Холандија од IPE- изјави Весна Стојановска Генерален директор на КБ Прво

На настанот беа присутни Амбасадорот на Словенија, Градоначалникот на Општина Прилеп, претставници од градинката како и останати гости.

Задоволството и радоста не изостануваше и кај сите присутни. Својата благодарност дечињата ја изразија преку своите изведби на организираната приредба.

 

Клучни зборови

  • донација
  • КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk