Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ФинансииФинтек

Како информатичките ФинТек директори можат да бидат капиталисти?

5 мар. 2020 г.·3 мин читање·110 прегледи

Следете не на Viber

Финансиската технологија го следи моделот на многу успешни стартапи во индустријата за услуги. Технологијата нé учи дека нема потреба да поседувате конкретен производ или услуга. На пример: Убер е најголемото такси во светот, а не поседува возила;

Фејсбук е најпопуларна платформа на медиуми и креации во светот, a не пласира своја содржина; Airbnb е најголемиот давател на услуги за сместување, а не поседува недвижен имот; итн. Во денешно време, се случува нешто навистина интересно. Светот на финансиските услуги што започнаа со ИТ (информатичката технологија) во моментов е толку динамичен што има и посебно име: ФинТек.

Технолошкиот напредок на поединците има шанса да го „раздрма“ деловниот модел на стабилните финансиски институции. За да се ​​искористи овој нов канал за развој на технологијата, секој ИТ директор треба да го смени начинот на размислување. Постојат повеќе начини за соработка со овие нови играчи и тие се честопати далеку од визијата на големите финансиски институции. ИТ директорите треба да ја подготват својата организација да се справи со трендовите на иднината преку анализа на сродните ФинТек компании.

Додека основната дејност на банкарските и финансиските услуги е јасна, дигитализацијата на тие услуги создава голем потенцијал за подобрување што не е секогаш видлив.

Постојат многу причини зошто ИТ директорите е потребно да обрнуваат внимание на ФинТек индустријата.

Финансиските институции работат во брза и динамична околина. Потрошувачите и регулаторите продолжуваат да вршат притисок врз деловните модели на големите играчи додека даваат предност на малите организации кои имаат поголема флексибилност.

Клиентите очекуваат повеќе при интеракција со финансиските институции, особено во однос на дигиталните платформи.

Денешниот модерен ИТ директор има улога на посредник помеѓу новите растечки компании и големиот фонд на средства што лежат во банкарскиот сектор. Доколку ИТ директорот сака да дејствува како капиталист, ќе мора да го надмине фактот дека трошењето во ИТ е честопати карактеризирано со висока стапка на неуспех.

Големи компании како Амазон и Гугл се во првите редови на оваа револуција и тие се способни да извршат поголемо влијание врз вкусовите и очекувањата на клиентите отколку банките. На пример, ако Амазон почне да го прифаќа Биткоин како плаќање, ова ќе и ’даде на виртуелната валута поттик на кредибилитетот што се должи до угледот на Амазон. Од друга страна, ако некоја банка започне да прифаќа депозити на Биткоин без јасно соопштувајќи ја својата стратегија, ќе се стекне со негативна репутација кај клиентите.

Регулаторите силно ги предупредуваат финансиските институции кои даваат банкарски услуги за користењето на виртуелна валута. Сепак, банките продолжуваат да инвестираат во нови компании затоа што треба да останат релевантни и проактивни, следејки ги најновите трендови и технологии.

Клучни зборови

  • банки
  • дигитални
  • информатичка технологија
  • платформи
  • технологија
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk