Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Како да останете во контакт со деловните партнери за време на пандемијата

20 апр. 2020 г.·2 мин читање·65 прегледи

Следете не на Viber

Имајте разбирање

Секој бизнис на свој начин трпи последици од пандемијата. Некои мораат да затворат, други намалуваат број на вработени или нивните плати, трети трошат дел од резервите за да се одржат во живот.

Без оглед на тоа во која група припаѓате вие и вашите соработници, важно е да им дадете до знаење дека имате разбирање, ги поддржувате и очекувате што поскоро да ја интензивирате комуникацијата и соработката што работите се вратат на свое место.

Онлајн комуникација

Иако не можете да се сретнете во вашата канцеларија или омилениот ресторан и да зборувате за нови зделки, надминување на одредени предизвици или проширување на соработката, сепак користете ги онлајн алатките за да продолжите да комуницирате. Бидете учтиви, не се интересирајте само за работата, туку прашајте ги како се чувствуваат, дали се добри, како ја поминуваат кризата, дали можете некако да им помогнете и слично.

Бидете флексибилни

Секоја криза со себе, освен последици, носи и отворени промени, што треба да ги имате предвид и да ги искористите. Не бидете ригидни, напротив покажете поголема флексибилност и прилагодете го своето работење кон новонастанатата ситуација, а со тоа дајте им прилика и на вашите деловни партнери. Користете ги придобивките од дигитализацијата, следете ги новитетите и на тој начин полесно ќе ја надминете кризата, не заборавајќи ги и вашите партнери.

Извор: Бизнис Инфо

Клучни зборови

  • деловни контаки
  • ковид19
  • комуникација
  • пандемија
  • соработка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk