Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Какви се очекувањата на менаџментот на НЛБ Банка за претстојниот период

29 окт. 2021 г.·3 мин читање·1590 прегледи

Следете не на Viber

Нето добивката на НЛБ Банка заклучно со 30.09.2021 година изнесува 1.689.026 илјади МКД или 27,5 милиони евра и истата е зголемена за 33,5% во однос на истиот период претходна година.

Какви се очекувањата на менаџментот на НЛБ Банка за претстојниот период?

Рецесијата која ја одбележа македонската економија во 2020 година како резултат на КОВИД-19 пандемијата остана присутна и во текот на 2021 година иако е забележан глобален раст споредено со 2020 година. Во вториот квартал од 2021 година БДП забележа раст од 13,1% на годишна основа, што е во согласност со очекувањата и како резултат на стабилизирањето на епидемиолошката состојба во текот на вториот квартал и започнатата масовна имунизација во земјата. Растот во овој период е резултат на зголемувањето на бруто инвестициите, јавната потрошувачка и финалната потрошувачка на домаќинствата, додека пад беше забележан во секторот градежништво и во дејностите за уметност, забава и рекреација како и другите услужни дејности. Заздравување на економијата се очекува во 2021 година, но сепак враќањето на претпандемиско ниво на раст економијата се очекува да го прикаже во 2022 година, под претпоставки на враќање на тековно функционирање на глобалните канали на снабдување, кои имаат значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, како и на воведувањето на нови мерки на ограничување.

Согласно најновите предвидувања од домашните и странските институции макроекономскиот изглед на среден рок е позитивен но сепак условен од високи негативни ризици кои произлегуваат од неизвесноста за времетраењето на пандемијата и вакцинацијата. Земајќи ги во предвид проекциите за економски раст, македонската економија во 2021 година се очекува да оствари позитивен раст кој би се движел помеѓу 3,7%-4,6%, при очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка. Умерен притисок сe очекува и на инфлацијата, земајќи ги во предвид зголемувањата на цените во обид да закрепнат економиите како на глобално така и на домашно ниво и тоа првенствено на порастот на глобалние цени на енергија и цените на храната. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,5% од БДП на крајот на 2021 година.

Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции. Банката редовно превзема мерки за заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија, а како современа и креативна банка, ги следи светските технолошки трендови, истовремено насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со континуирано унапредување на банкарските процеси.

Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржување или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Клучни зборови

  • НЛБ банка АД Скопје
  • Очекувања за претстојниот период
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk