Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Какви се очекувањата на менаџментот на Макстил?

1 авг. 2021 г.·2 мин читање·3372 прегледи

Следете не на Viber

Нето добивката на „Макстил“ е 4 милиони евра и таа е зголемена за шест пати во споредба со истиот период лани.

Какви се очекувањата на менаџментот на Макстил?

Во текот на втората половина од годината се очекува постепено нормализирање на побарувачката на челик кое ќе биде условено од стабилизирањето на пандемијата. Конкретно, нашите очекувања за третиот квартал се умерено оптимистички и се во директна зависност од развојот и движењата во големите европски економии како што се Германија и Италија меѓу другите. Имено, согласно планот, производниот погон Челичарница во текот на третиот квартал ќе работи во конинуитет, а ова ниво на работа се очекува да се задржи и во текот на четвртиот квартал. Работата на производниот погон Валавница воглавно е условена од нарачките на купувачите, при што нашите очекувања се изразуваат со умерен оптимизам,  пред сè заради изгледите за нормализација на побарувачката на челикот и челичните производи, како резултат на позитивните перспективи за реактивирањето на проектите за  инфраструктурен развој и вложувањата во обновливи извори на енергија, како изградба на ветерници, фотоволтаични централи за кои ќе биде потребен челик.

Компанијата ги превзема сите неопходни активности за остварувањето на поставените цели со посебен фокус на подобрувањето на условите за работа, безбедноста и здравјето на вработените. Исто така, во овој период незначително е зголемен бројот на вработените, и извршено е благо зголемување на платите. Во текот на оваа година компанијата продолжува со уште поголема присутност во форма на поддршка онаму каде што е најнеопходно, а наш најголем приоритет останува создавањето на позитивни промени во локалната заедница, каде што најнепосредно делуваме, и се разбира во општеството во целина. Макстил АД во континуитет се подготвува да одговори на најзначајните трендови во делот на животната средина што со сигурност ќе обезбеди полесна транзиција кон циркуларна и нискојаглеродна економија.

Клучни зборови

  • макстил
  • Очекувања за претстојниот период
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk